Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“, во која ќе бидат опфатени повеќе активности .
Целта на организирањето на оваа недела на животната средина е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштитата на животната средина.
Во рамките на овој проект Општина Охрид на 1-ви и 2-ри Јуни, од 10 до 13 часот, на локацијата помеѓу Трговскиот Центар „Амам“ и Комплексот „Летница“, ќе подели 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите од централното градско подрачје, кои живеат во стариот дел на градот, како и на жителите од улиците:
„Кеј Маршал Тито“, „Македонски Просветители“, „Гоце Делчев“ (од првиот чинар на плоштадот до вториот чинар), „Даме Груев“ (од ул.Македонски Просветители до пресекот со бул.Туристичка) и бул.Туристичка (од Охридска Банка до Маркет „Макси Д“ ).
Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град