Македонија без точни податоци за стари залихи на пестициди

Количините со стари залихи на пестициди во Југоисточна Европа и Азија се аларманти потенцираат странските експерти.  Македонија, пак,  сеуште нема извршено детална инторизација на стари залихи, но се вклучува во меѓународен проект  за точно да се утврдат овие количини.

 |  Валентина Неловска  | 
pesticidi
Пестициди

SostanokКоличините со стари залихи на пестициди во Југоисточна Европа и Азија се аларманти потенцираат странските експерти.  Македонија, пак,  сеуште нема извршено детална инторизација на стари залихи, но се вклучува во меѓународен проект  за точно да се утврдат овие количини нагласува Емилија Ќупева Неделкоска раководител на одделот за хемикалии и индустриски несреќи  во Министретсвото за животна средина и просторно планирање. Претставници од нивното министерство досега немале обуки за управување и инторизација на старите залихи на пестициди. Колкави се нивните залихи во земјава со точност не се знае, иако  во Националниот план се содржат  прелиминарни податоци информира Ќупева Неделкоска.
Во земјите на Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ овој  проблем е сериозен. Количните на стари залихи на пестициди  се големи, станува збор за околу  250.000 тони пестициди со кои во овие земји нелегално се тргува. Радува фактот што Македонија се вклучува во проектот на Меѓународната асоцијација за пестициди и  што сака да се справи со овој сериозен  еколошки проблем, нагласува проект менаџерот на оваа асоцијација, Џон Вијген.
Станува забор за Проектот „Градење на капацитети за застарените залихи на пестициди во земјите на  Југоисточна Европа, Централна Азија и Кавказ“.        На обуката, што се одржува во Охрид,  учесниците од овие земји ќе се запознаат со современиот пристап во инвенторизација и управуавање со овие залихи. Акцент ќе се стави на утврдување на локациите каде што ќе се складираат залихите, како и правиланат идентификација и нивно обележување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top