Нов режим на сообраќај

Советниците дадоа зелено светло за новиот привремен режим на сообраќај. Со него се опфатени најфрекфентните улици во летниот период. Благодарение на ова решение во центарот отсега ќе има плус 460 паркинзи. Градоначалникот рече дека ова е само привремено решение на сообраќајниот хаос. Проблемот ќе биде решен со сообраќајната студија за која наскоро ќе биде распишан тендер.

 |  Татјана Маленкова  | 
soobrajkaj
сообраќај

Предлог одлука за измени и дополнувања на одлуката  за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, помина кај советниците. „Ова решение е составено од сите позитивни досегашни искуства“, истакна градоначалникот Александар Петрески.

„Убеден сум дека одлуката за нов режим на сообраќај, претставува голем чекор напред во однос на безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници“, истакна советникот и експерт од областа на сообраќајот и транспортот, Томислав Тунтев. Тој додава дека оваа одлука беше неопходна, се додека не се изработи сообраќајната студија за Охрид. Со новото сообраќајно решение, бројот на паркинг уличните места се зголеми за 50 насто.

Новата сообраќајна одлука ги прифати и сите забелешки на граѓаните. Една од нив е по улицата Кирил И методи од вториот чинар до Горна Порта, сообраќајот ќе биде двонасочен до 20.00 часот, а после тоа еднонасочен.
Тунтев нагласи дека во лето во Охрид секојдневно потреба од  паркирање имаат 2200 возила, а досега на располагање имаше само 842 паркинг места. Решение на овој проблем се изнајде благодарение на еднонасочниот сообраќај, на дел од улиците во централното гадско подрачје. Со новото решение и дел од дворот на гимназијата ќе се користи како паркинг на автобуси. „Не смееме да дозволиме  динамичкиот сообраќај да биде последица на стационарниот“, додаде Тунтев.
На денешната седница советниците беа едногласни околу потребата за сообраќајно решение за Охрид. Единствената забелешка ја даде советникот  Џемал Рахман кој истакна дека досегашните сообраќајни решенија се однесувале само на централниот дел на Охрид,  а не и на останатите сообраќајници.
Советникот пак Кирил Пецаков пред советниците ги изнесе барањата на сопствениците на плажите после мостот.

Градоначалникот по однос на ова прашање истакна дека што и да се превземи по однос на ова прашање едни ќе бидат задоволни а други не. Тој додаде дека треба да се направи измена на генералниот урбанистички план со што на овој потег ќе се направи пристапна паркинг зона. Петрески додаде дека за реализација на оваа идеја во моментов има две пречки. Едната е што токму на овој потег е сместена езерската полиција,а втората што сеуште се чека согласност од армијата на Р Македонија, паркингот после мостот кој е нивна сопственот,  да биде место до каде ќе може да се доаѓа со автомобили, а од таму натака пеш.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top