Невработеноста е голем и акутен проблем. Познато е дека Македонија е втора после Косово по степенот на невработеност. Според првиот човек на Агенцијата за вработување, Џевит Зиба, состојбата со невработеноста во општина Струга не е алармантна. Зиба смета дека овој проблем ја нема димензијата за која се зборува во општеството.
Од вкупно 8894 невработени во струшкиот регион 3466 се жени. За самохраните мајки и жртвите на семејно насилство од страна на Агенцијата за вработување се води иста грижа како за останатите невработени жени во општина Струга вели раководителот Зиба.
Зиба потенцира дека нивното делување за вработување се движи во насока на основниот параметар, побарувачката на пазарот за трудот. Тој додаде дека во повеќе случаи при нивното посредување, приватните претпријатија им излегуваат во пресрет.
Раководителот на Агенцијата за вработување Џевит Зиба кажа дека со голем дел од институциите покрај деловни односи имале и пријателски. Тоа во многу им било од корист во случај кога имале голема нужност да вработат некоја специфична категорија на невработени. Инаку, статистиката на Агенцијата за вработување од Струа зборува дека невработени жени со средно образование има 698, со вишо 43, со високо 267 и една жена магистар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град