Ќе бидат ли дрворедите по кои се познати неколку улици во центарот на Охрид, жртва на растечките сообраќајни потреби? Од Локалната уверуваат дека со овој зафат, воопшто нема да се намали зеленилото во централното градско јадро.Дрва стари повеќе од 40 години ќе ги снема.
Ракводителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески вели дека покрај се поголемата потреба од паркинг простор во центарот на Охрид, причина за замената на дрвјата на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“ и Бул. „Македонски просветители“ е и оштетувањето кое тие го предизвикуваат на патната инфраструктура.
На овие три улици од централното градско јадро, предвидено со ДУП е и поставување на зелена ограда, која освен естетската функција би имала и заштитна функција и би ги спречувала пешаците да минуваат на било кое место освен на пешачките премини, информира Шикалески. Станува збор за краткорочен проект на Локалната чија реализација треба да започне во месец септември. Со завршувањето на проектот од Одделението за комунален развој информираат дека ќе се дуплира бројот на паркинг места во овој дел од градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град