Робинзонскиот живот на глувонемиот Ристе Јованоски

Високо во планината Галичица, во селото Шипокно  на седум километри од Охрид во трошна, скромна  куќичка живее глувонемиот Ристе Јованоски. Животната судбина си поиграла со овој четириесетгодишен  маж, кој  живее сам во тешки животни услови.

 |  Валентина Неловска  | 
Jovanovski
Јовановски

Ристе Јовановски Високо во планината Галичица, во селото Шипокно  на седум километри од Охрид во трошна, скромна  куќичка живее глувонемиот Ристе Јованоски. Животната судбина си поиграла со овој четириесетгодишен  маж, кој  живее сам во тешки животни услови. Во селото нема вода, па Јованоски минува и по два километри да наполни вода до најблискиот извор. По планинскиот, неасфалтиран пат што води до Шипокно нема автобуски или такси превоз, па Јованоски  секојдневно  и по сонце и по снег доаѓа пеш до своето работно место во Охрид. Покрај хендикепот со говорот и слухот има проблеми и со тромбоза на ногата.
Шипокно е прекрасно, но напуштено планинско село. Во него живеат тројца жители. Постојани жители покрај Ристе, се  Родна и Милчо Димоски. И обајцата во поодминати години, велат дека тука тешко се живее. Но, најмногу се грижат за Ристе. Нивните натежнати години не им дозволуваат да му помогнат многу, а и не го знаат толковниот јазик на глувонемите па тешко се разбираат.
Milco i Rodna

Дедо Милчо е исто така е загрижен за својот сосед  и за самотниот живот кој го живеат тука без вода и комуникација. Се плаши, како што вели, во зимските денови кога Ристе се враќа од работа да не го нападнат волци кои се почесто навраќаат во нивното празно село.
Ристе Јованоски и покрај суровата животна судбина сам се бори во животот. Веќе 22 години работи во печатница, и се труди сам да обезбеди животна егзистенција, но не може да си дозволи од скромната плата да обезбеди пристоен стан во Охрид. Неговите очи сега се свртени кон заедницата барајќи помош. Тој искрено се надева дека институциите ќе му помогнат да добие социјален стан, затоа што планинското село Шипокно со оглед на неговата здравствена состојба, од ден на ден станува се повеќе непогодно место за живеење.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top