За време на продолжените викенди вообичаено, Охрид го посетуваат т.н. викендаши кои имаат свои станови. Голем дел од нив не сe жители на нашата земја туку се од надвор, како што е тоа Р.Србија. Годинава дел од нив по се изгледа малку ги збуни тоа што за прв пат се соочуваат со проблемот на исклучена електрична енергија. Не сакаа да коментираат пред нашата камера и се пожалаа дека иако уредно ги платиле сметките по се изгледа затајуваат дежурните служби на ЕВН кои од вчера па се до овој момент сеуште не се појавиле да ја извршат својата законска обврска и да ја приклучат струјата. Станува збор за викендаши од Р. Србија кои имаат свои станови во населбата Билјанини извори. Тие исто така забелешка ставија и на наплатните служби на ЕВН каде што имало голема гужва и револтирани корисници.
Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски веднаш одговори на забелешката која што ние му ја пренесовме. Тој потенцира дека нема место за паника и оти наплатниот пункт работи заедно со дежурните служби. Ковачески кажа дека доколку има сериозна потреба од дополнителни дежурни екипи ЕВН располага со таков капацитет. Портпаролот на ЕВН, изјави дека со проблеми од ваков тип најчесто се соочуваат за време на големиот верски празник Велигден, но не ја исклучува можноста дека и пред почетокот на главната туристичка сезона можат да се јават истите. Ковачевски до крај ја смирува состојбата и верува дека се ќе се среди согласно законските норми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град