Започнаа активностите околу реализацијата на проектот за поставување на спомен обележје за Св. Наум Охридски – Чудотворец. Одборот за подигање на споменикот на последната седница донел повеќе одлуки. Имено, изработена е проектната програма со која е одредено значењето за изградба на еден ваков споменик со чија подигнување на достоен начин ќе се реализира ликот на Св. Наум кој има исклучително важно место во нашата историја.
Во проектната програма опфатени се сите параметри потребни за изработка на спомен обележјето, вели претседателот на комисијата за поставување на спомен обележјето, Јоне Станкоски.
Градоначалникот Александар Петрески задоволен со тоа што конечно замислата на Локалната ќе се реализира во целост. Тој вели со поствувањето на споменикот на градскиот плоштад ќе се формира свет тријаголник. Петрески додава дека локалнта има желба за поставување во Охрид и на други споменици, но за некои подобри времиња. Сега засега ќе се постават само оние за кои општината не треба да издвојува средства, додава градоначалникот.
Инаку, желба на Одборот за подигање на споменикот Св Наум Охридски Чудотворецот е одбележјето да биде поставено на 5-ти јануари 2011 год, на празникот зимски Св Наум. За потсетување, проектот комплетно финансиски го покрива Министрвото за култура кое во моментов на сметката на локалната има префрлено наменски средства во висна од 7 милиони денари. Претседателот на одборот вели дека не се само овие средства кои ќе ги издвои Минстерството. Според него од таму ќе им бидат дадени уште 7 милиони, а се очекува и одредена сума на средства за истиот споменик и од донатори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град