Претставен Локалниот акционен план за помош на лицата со попреченост. Останува на локалната и центрелната власт да изнајде начин како вистински да им се помогне на овие лица.
Проблeмот со пристапноста реален и присутен и пред почетокот на јавната дебата. Еден од учесниците не можеше да дојде до малата сала на општината без помош од сограѓаните.
„Предлог-Акциониот план е реазултат на 6-месечната активност на работната група составена од претставници на Општината, организациите на лица со попреченост и јавни институции од областа на социјалната заштита, здравството, образованието и вработувањето“, истакна Котески Миливој од Локалната.
Одредени се конкретни активности кои треба да придонесат за подобрување на положбата во која живеат лицата со попреченост. Тука спаѓа и реализацијата на потребите и приоритетите на лицата од овие категории. Како најгорливи проблеми сеуште се вбројуваат подигањето на јавната свест, соработката на локалната со организациите на лицата со попреченост, вработување на овие лица и секако проблемот со недостапноста.
Крстовски додаде дека во одредени области локалната самоуправа може да ги реализира тие приоритети без средства или со минимални средства, „-бидејќи целта е да направиме реална листа на проблеми и активности кои што може да се спроведат, а не да правиме список на желби“.
По јавната дебата овој план ке биде даден на усвојување од страна на Советот на општината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град