Министерот за образование и наука Никола Тодоров проговори за плановите на министерството околу универзитетскиот кампус во некогашната касарна. Она што тој го кажа денеска не се поклопува со планoвите на градоначалникот кој неодамна обелодени дека локалната има намера касарната да ја направи универзитетски кампус во кој ќе ги смести сите факултети.
„ Тоа треба да биде кампус во кој треба да биде сместен универзитетот за информатички технологии од Охрид. Тоа е проект кој треба да се заврши во наредните две или три години. За тој период иниверзитетот треба да биде привремено сместен во домот на АРМ оспособен за таа намена. Реконструкцијата е комплетно готова. Во тек е постапката за технички прием, се надевем дека до крајот на овој месец универзитетот ќе може да се всели во новите простории. Објектот е готов од декември“, изјави министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тодоров тврди дека министерството сега ја има потребната документацијата, со што ги исполнува сите законски предуслови за вселување на универзитетот за информатички технилогии во новите простории. Министерот вели дека во некогашната касарна ќе отседне исклучиво Универзитетот за информатички технологии, а не и Факултетот за туризам и угостителство.
„ Универзитетскиот кампуст ќе биде наменет само за Универзитетот за информатички технологии“,додаде Тодоров.
Присуството на Тодоров го искористивме и го запрашаме зошто министрвото годинава одлучи во ЕМУЦ во Охрид да отвори две паралелки на албански наставен јазик.
„ Во Охрид годинава завршуваат 46 ученици на основно образование на албански јазик. Имајки предвид дека е задолжително и средното образование обврска е и на локланата и на министревото да обезбеди можност за тоа. Дали во Охрид ќе се запишат или не останува да видиме. Како што сум информиран до сега овие ученици своето образование го продолжувале во Струга или друг град во Македонија“, истакна Министерот Тодоров.
Министерот додаде дека во Охрид Основно образование моментално изучуваат околу 360 ученици од албанска националност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град