Охрид без Центар за безбедност на вода

Најавата од општинскиот Црвен крст, на брегот од Охридското езеро да биде организиран Центар за безбедност на вода е сеуште без реализација.

 |  Валентина Неловска  | 
ezero
езеро

EzeroНајавата од општинскиот Црвен крст, на брегот од Охридското езеро да биде организиран Центар за безбедност на вода е сеуште без реализација.
Оваа вообичаена безбедносна пракса на сите поголеми и помали водени површини во светот кај нас доцни. Се обративме до Министерството  за транспорт и врски и до  Секторот за урбанизам на локалната самоуправа да разгледаат можни локации за овој центар. Но, за жал во тие фамозни урбанистички планови не се предвидени вакви центри кажува Сашо Точков претседател  на ОО на Црвен крст.
Надлежните институциите засега се без слух за изнаоѓање соодветна локација каде што би бил лоциран еден ваков Центар.
Центарот за безбедност на вода би бил лоциран на самиот езерски брег. Во него би биле сместени спасители, чамци и опрема за брзо делување во ризични ситуации.
Точков го појаснува примерот со Германија каде вообичаена пракса е  државата да ги издава под конецесија центрите за безбедност на вода на Црвениот крст.
„ Од општинската организација на оваа организација се надеваат дека оваа пракса ќе биде сериозно сфатена и применета и кај нас.
„За сите странски мисиси со кои соработуваме е несватливо како една голема езерска површина е можно да биде без ваков центар“.
За странските и домашните гости при престојот на езерскиот брег најважно е чувството дека се безбедни во вода и на вода  вели Точков.  Додава Центарот за безбедност на вода треба да биде приоритет на градот за да се подигне степенот на безбедност на вода. Да не се дозволи во ризични ситуации да не се делува брзо и координирано како мината година при бродската несреќа.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top