Проектот за реконструкција на Летница чека зелено светло од Завод и музеј. Дознаваме дека истиот го изработиле неговите автори со што е запазен Законот за авторски права. Ќе се задржи автентичноста на овој препознатлив знак за Охрид.
Подготвен проектот за реконструкција, санација и доградба на некои делови на Летница. Дознаваме дека новиот изглед на Летница несмее да биде многу поразличен од сегашниот. Поточно, објектот по реконструкцијата треба да остане во истите рамки, а не да се доградува и проширува. Деновиве проектот по втор пат бил поднесен на разгледување во Завод и музеј, откако првиот пат истиот бил вратен на корекција.
„ Изработен е и доставен до завод и музеј согласно законот за културно наследство и имаше забелешки. беше вратен на корекција – добработка. Треба да постапаи согласно забелешките и постапката да продолжи“, вели раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.
Измените на проектот за Летници ги направиле архитектите , Софија Мизова и нејзината сестра Маргарита Трендафилова кои се и автори на овој објект. Тие се проектанти по барање на сопственикот на градбата – Охрид турист.
Инаку, комплексот Летница е изграден во `70-тите години. На неговиот јужен дел беше лоцирана кафеана со отворена тераса , на северниот дел се наоѓаше сината сала, во источниот дел имаше ресторан со самопослужување, а на еден дел на вториот кат подоцна беше отворен ноќен клуб.
Од градењето, комплексот претрпе многу надворешени и внатрешни промени. Охриѓани реагираат дека за жал дојде до ситуација терасата на Летница која своевемено беше една од најубавите, да не фунционира, а пред неа да се постви урбана опрема.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град