Почна постапката за изготвувањето на спомен одбележјето на Св. Наум

Работите околку поставувањето на спомен одбележјето на Св. Наум Охридски Чудотворец на градскиот плоштад, мрднаа од мртва точка. Претсеадтелот на одборот за поставување на споменикот вели дека на сметката на локалната легнале 7 милиони денари, наменати за овој проект. Следува распишување конкурс за поставување за идејно решение на споменикот.  

 |  Татјана Маленкова  | 
mesto za spomenik
место за споменикот на Св Наум

parkСпоменикот на Св. Наум Охридски според плановите на членовите на одборот за поставување на спомен одбележјето на градскиот плоштад ќе биде поставен на 5 јануари 2011 год. Претседателот на одборот советникот Јоне Станковски, вели дека на 4 мај одборот заседавал  и донесол одлука во наредниот период да се распише конкурс  за поставување на идејно решение и финансиска конструкција на спомен одбележјето на Св. Наум Охридски чудотворец.

„ Треба да формираме и жири кое ќе ја прати постапката до поствувањето на споменикот“, вели Станкоски .

Одборот за поставување на спомен одбележјето е составен од видни личности од градов и државава. Дел од него се претставници од локалната самоуправа од советот на град Охрид, претставници од секторот за урбанизам ,од Завод и музеј Охрид. Дел од него е и Паско Кузман, како директор на управата за заштита на културносто наследство , потоа директорот на историски архив на Р Македонија, Зоран Тодоровски, како и академик Цветан Грозданов.

spomenik„Средствата со кои располагаме се наменски и веќе се легнати на сметката на локалната самоуправа. 7 милиони денари од министрвото за култура. на 15 мај во сабота е вториот состанок на кој ќе се допрецизираат сите работи“, вели претседател на одборот за поставување на спомен обележјето.
Станкоски вели дека постои процедура која мора да се почитува согласно законската регулатива по законот за јавни набавки и законот за поставување на спомен одбележја. Тој додава „Ќе направиме се за да ја забразаме постапката на законската процедура“. Желба и на  локалната  самоупарава и на иницијативниот одбор е на 5 јануари за празникот зимски Св. Наум спомен одбележјето да биде поставено“, вели Станкоски. Од одборот очекуваат дека и бизнисмени и компании со свои донации финсиски ќе помогнат за спомен одбележјето.
Инаку споменикот на Свети Наум Охридски ќе биде поставен во паркот наспроти Рибниот ресторан во Охрид.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top