„Парк“ во луксузно светло

Старата градба на хотелот „Парк“ не попушта лесно. Деновиве новиот сопственик „Градежник “ од Охрид отпочна со рушење. На ова место за 18 месеци ќе никне луксузен апартмански комплекс.

 |  Билјана Николовска  | 
hotel Park
хотел Парк

plan hotel ParkЌе никне луксузен апартмански комплекс. Познатиот хотел „Парк“, деновиве се руши. Не стивнуваат бројните гласини во охридската чаршија дека на овој локалитет не биле средени имотно правните односи за она што во иднина треба да се изгради на ова место. Инвеститорот „Градежник“ кој ја откупил локацијата од „Инекс Горица“ вели дека сопственоста на земјиштето 100% била средена и додаде дека во денешно време законот е строг и никој не би рискирал кога се работи за голема инвестиција.
„Атрактивната локација „Парк“ купена на лицитација за три и пол милиони евра. На ова место ќе се гради луксузен апартмански комплекс со сите пропратни содржини. Инвеститор е „Градежник“ Охрид а изведувач „Ремис“. Новиот сопственик на ова место Ристо Тренески вели дека имотно правните односи се решени и добиеное одобрение за градба“.
Чиста е работата и околу одобрението за градба на луксузниот апартмански комплекс кое без проблем помина низ општинските канцаларии. Раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов вели дека се работи за веќе постоечка локација во Генералниот Урбанистички план која ги исполнува сите потребни услови за добивање согласност за градба од нивна страна.

hotel ParkХотелот „Парк“, не попушта лесно. Во неговата градба и арматура бил употребен камен. Добрите познавачи на градежништвото велат дека во периодот од 40 години од кога првично е изграден овој хотел не била забележана ниту влага ниту мувла што зборува дека се работи за многу цврста градба. Точно заради тоа бил отежнат целиот процес околу рушењето. На овој локалитет сеуште се обезбедува терен за пристап на специјалните екипи на МВР за рушење на хотелот со употреба на динамит. Најверојатно до петок ќе се собере и последниот градежен шут.
Новиот инвеститор планира да вложи околу 15 милиони евра за комплетно средување на овој локалитет со сите пропратни содржини кои се во интерес на развојот на туризмот.
Иако во овој случај целокупната документација е прибрана и законот е испочитуван во целост, останува прашањето дали секогаш мора да се дава законски дозволениот максимум или треба локалните и државните власти во иднина посериозно да пристапуваат кон местата кои се од исклучителна важност и интерес на Охрид.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top