Охрид ќе добие брод за гасење пожар

Наскоро, туристите и охриѓани побезбедно ќе можат да пловат по водите на езерото. Се прават напори заштитата на вода да се подигне на повисок степен.

 |  Валентина Неловска  | 
spasuvaci
спасувачи

simulacija na davenjeНаскоро, туристите и охриѓани побезбедно ќе можат да пловат по водите на езерото. Се прават напори заштитата на вода да се подигне на повисок степен. Се најавува фомирање на мешовита единица за делување во огнени стихии на пловни објекти и во деловите на градот од езерскиот брег. Единицата ќе ја сочинуваат спасувачите на вода од општинскиот Црвен крст и охридските пожарникари. Оваа единица ќе биде резултат на соработката на Црвениот крст од Охрид  со противпожарниот спасувачки центар „Флоријан“ од Манчестер, Англија. Од соработката со англичаните се црпат бројни искуства. Денес, спасувачите на вода од охридскиот Црвен крст  изведоа  симулација на давење која  ја проследи инструкторот за спасување на вода, Виктор Копики, припадник на Флоријан. При тоа, Копики упати пофални зборови до учесниците во показната вежба.Тој најави во јуни голема вежба, симулација на огнена стихија.
Пријателите од противпожарниот спасувачки центар „Флоријан“ од Манчестер, Англија најавија и скора донација на брод за гасење на пожар. Од вакво пловило, со кое би се интервенирало од вода, градот има реална потреба потенцира  Емил Јовановиќ, инструктор за спасување на вода.
Противпожарниот спасувачки центар „Флоријан“ од Манчестер,  мината година на охридската противпожарна единица за потребите на градот подари противпожарно возило. Годинава слично возило донираа и за струшката противпожарна единица.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top