Во наредниов месец, се очекува дефинитивно да се обелодени името на првиот човек на овој факултет.
Професор д-р Сашо Коруноски, најсериозен кандидат за нов декан на охридски факултет за туризам и угостителство. После донесената одлука на Ректоратот на Универзитетот во Битола, во месец февруари годинава, професорот Софронија Миладиноски само три месеци пред истекот на неговиот мандат, беше сменет од должноста декан на ФТУ. На негово место беше назначена Проф. д-р Јованка Билјаноска. Таа како вршител на должност декан на Факулктетот за туризам и угостителство во Охрид дојде на местото на Миладиновски кој оваа функција ја извршуваше во два мандати. Временскиот период од три месеци во кој Биљаноска беше вд декан истече и поради тоа моментално за вршител на должноста декан е назначен проф. д-р Цветко Андреески. Во наредниов месец, се очекува дефинитивно да се обелодени името на новиот декан на овој факултет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град