Иако таму има неколку извори, сепак жителитe тврдат дека истите не се правилно искористени.
Жителите на село Октиси струшко, веќе четврти месец како немаат капка вода. Иако месното население со вода се снабдува од октишките извори, сепак поголем дел од домаќинствата преку целиот ден воопшто немаат вода. Од раните утрински часови, жителите во редици чекаат да наполнат вода од чешмата која се наоѓа во центарот на селото. Овој проблем повеќе е изразен кај домаќинствата чии куќи се ноѓаат на поголема надморска височина.
„Октиси е место богато со вода, но за жал истата правилно не се искористува“, вели Нафис Шабаноски, жител од селото.
По негова иницијатива, екипата на ТВМ беше на лице место кај водоводната мрежа и истовремено ги посети изворите, за кои нашиот соговорник тврди дека можат да помогнат, населението да добие вода.
Шабаноски до пред извесно време краток период беше вработен во претпријатието „Аква“ Октиси, а претходно учествувал во заедничката иницијатива за изградба на водоводната мрежа. Поради тоа, тој е добро упатен во целиот случај и тврди дека проблемот со водоснабдувањето може да се реши по природен пат, со правилна експлоатација на изворите.
„Директорот донесе некоку стручни лица, но не успеаа да најдат начин како да се донесе вода во селото“ вели Нафиз Шабаноски, жител на село Октиси.
Тој додава, „Јас гарантирам дека со мојата способност можам да го направам тоа“.
Ова е една од можностите ова струшко село да го реши проблемот со водоснабдувањето кој е посебно изразен во летните месеци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град