По партизанските патеки

По повод јубилејот 65 години од победата над фашизмот, Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид и Дебрца и Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид организираа марш до споменикот на паднатите борци во селото Белчишта.

 |  Крсте Голабовски  | 
spomenik
споменик

marshПо повод јубилејот 65 години од победата над фашизмот, Сојузот на борците од НОАВМ од Охрид и Дебрца и Советот на Општинската организација на СДСМ од Охрид организираа марш до споменикот на паднатите борци во селото Белчишта.

По партизанските патеки на Дебрца вчера тргнаа над 700 учесници. Покрај неколкумината преживеани учесници од НОБ, на маршот му се приклучија и подржувачите на традициите на НОБ. Маршот кој беше поддржан од локалните самоуправи од Охрид и Дебца, започна утрото во 10 часот од Ново Село, а негова крајната дестинација беше Споменикот на паднатите борци во селото Белчишта.
Во 11 часот беше положено свежо цвеќе пред споменикот, а пригодна реч одржа претседателот на Сојузот на Борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи  за подрачјето од Охрид и Струга, Гоце Георгиески.
jubilej Централната прослава започна со полагање на цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ и посета на спомен собата од НОБ. Реферат за значењето на НОБ и антифашистичката борба презентира Д-р Драган Јанкоски. Централната прослава беше збогатена со културно уметничка програма во чии рамки настапи градскиот хор, под диригентската палка на проф. Александар Димоски како и настапот КУД. „Филиграни“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top