Позицијата и опозицијата тешко постигнуваат консензус

Во текот на едногодишното функционирање на градскиот совет, охридските советници  изгласале 330 точки, поставени на дневен ред, на 19 седници, од кои една била од свечен карактер, а  друга итна.  Позицијата и опозицијата во општинскиот совет имаат различни гледишта за досегашното работење на советот.

 |  Валентина Неловска  | 
opshtina Ohrid
општина Охрид

opshtinaВо текот на едногодишното функционирање на градскиот совет, охридските советници  изгласале 330 точки, поставени на дневен ред, на 19 седници, од кои една била од свечен карактер, а  друга итна.  Позицијата и опозицијата во општинскиот совет имаат различни гледишта за досегашното работење на советот. Едните тврдат дека работат во интерес на граѓаните, додека другите го негираат тоа.  Претседателот на советот, Душко Јаковчески од редовите на СДСМ вели, советниците колку и да се трудат да работат во интерес на граѓаните, зад нив стојат политичките партии, меѓу кои постои политичка борба. Иако, кога бил избран за претседател  на советот Јаковчески кажал дека ќе се труди одлуките да се  носат со консензус, тоа досега во пракса се потврдило само еднаш. Советнците постигнале согласност само за одобрување на помош на граѓаните кои настрадаа од поплавите.
sednica na sovetОпозицијата ги спори сите урбанистички точки ,на деталните урбанистички планови и локалната урбаниситичка планска докумнтација.Се спорат и извештаите на ЈП.  
Зошто не се постигнува консензус во работата на советот ја прашавме советничката од редовите на Вмро Дпмне, Љубица Смилевска Мојсоска.
Извештаите на Јавните претпријатија и на општинските служби се оскудни и затоа ние не можеме да ги прифатиме, одговара Смилевска Мојсоска.  „Не може  да гласаме за извештаи со нула реализиција, велат сработено е, но не е прикажано, за мене е тоа фалсификат. Се што се работи да се прикаже ,макар и да е негативно истакнува“ Смилевска Мојсоска.

Одлуките во советот се донесуваат затоа што  позицијата го има мнозинството гласови, иако ние, како советничка група, укажуваме за пропустите  од говорница, но колегите од позицијата се оглушуваат на тоа, кажува Смилевска Мојсоска. „Советот по мое мислење не работи за интересот на граѓаните и градот,одлуките се носат по мое мислење од личен интерес“.
За идните планови во работата на советот и двата спротиставени политички табори, позиција-опозиција тврдат дека ќе работат во интерес на граѓаните.
На нашето прашање дали како градски совет ќе се залагаат во иднина да не се уништува градското зеленило, белите дробови на градот, претседателот  на советот Јаковчески одговори потврдно.  
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top