Груевски пресече уште една црвена лента

Груевски денес во Охрид ја предаде во употреба првата зграда од планираните четири на локалитетот „Расадник“. За изградба на оваа зграда инвестираше Владата и понудена е најповолна цена за откуп на стан по метар квадратен.

 |  Билјана Николовска  | 
gruevski
Груевски

zgradaДенес во Охрид од страна на ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор беше предадена за употреба првата зграда кај населбата Расадник која отпочна да се гради на 8 ми август 2008 година. Црвената лента ја пресече Премиерот Никола Груевски бидејќи за нејзината изградба финансираше Владата на Р Македонија. Премиерот потенцираше дека првите 70 станови се од комерцијален карактер и според него поволност за купувачите е што е понудена пониска продажна цена за метар квадратен.
За оваа зграда Владата финансирала 100 милиони денари а толку ќе се инвестирало и за останатите три згради. Пуштањето во употреба на социјалните станови ќе почекаат до месец август, а на локалитетот „Расадник“ ќе никнат уште две други финансирани од Владата на Р Македонија, најави Груески. Покрај тоа што премиерот даде изјава за конкретниот настан, тој овојпат одговори и на неколку новинарски прашања.  Со свој коментар за втората Светска Меѓурелигиската Конференција која од вчера се одржува во градов.
Со оглед на тоа што сме на самиот старт од туристичката сезона Груевски на новинарско прашање даде одговор и за состојбите во туризмот во државава и конкретно за Охрид. „Оваа Влада досега најмногу има направено на полето на туризмот преку промоција насекаде во светот“, рече Груески.
Иако Груевски сака оптимистички да гледа на туристичкава сезона која ни претстои, реалноста е сосема поинаква. И понатаму останува фактот дека државава сеуште не најде за згодно да ја изработи фамозната стратегија за развој на туризмот во која би бил зацртан правецот по кој треба да се движи оваа стопанска гранка.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top