Зелениот дрворед на улица Асном продолжува да се уништува. Алејата со костенови садници никако подеднакво да разелени и расцвета. Продолжува вандалското уништување на дрворедот со ново засадените садници под налетото од насилни поединци. Појавата на сечење и уништување на белите дробови на градот ги загрижува совесните граѓани. Не паѓаат само старите стебла, туку и младите фиданки. Разликаат е само во начинот. Додека едните завршуваат под налетот на моторните пили, други пак под дивееењето на поединци.
Од јавното претпријатие Охридски Комуналец велат дека се немоќни да се справат со оваа појава на уништување на садниците. Дрворедот во повеќе наврати хортикултурно е уредуван, а преку ноќ е уништуван. „За жал на овој потег три години се обидуваме да засадиме дрвја, но несовесни граѓани ги уништуваат. Ние сме немоќни да преземеме било каква интревенција против овие поединци, сепак постојат надлежни институции за откривање и проследување на вандалите „ истакнува директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алчев.
Првиот човек на оваа институција вели единствено што може да направат во оваа ситуација е да засадат повторно нови садници. Во тој случај ќе мора да најдат соодветен начин за да ги заштитат садниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град