Три години туристичкиот комплекс Св. Наум потсетува на Дивиот запад. Ова е заклучок на претседателот на ВМРО – НП. Ванчо Костоски на денешната прес конференција рече дека најелитното место на охридската ревиера се соочува со состојби непожелни за туристите, почнувајќи од паркинг просторот, влезот, плажата и импровизираните тезги. Тој го лоцира и виновникот поради ваквата состојба.
Костоски потенцира дека досега во неколку наврати како партиско тело и сугерирале на Владата овој комплекс да го врати на НП „Галичица“, бидејќи тие имале одличен проект за да го уредат овој локалитет во отмено место. Тоа била и целта на денешната прес конференција, ова место да го добие вистинскиот сопственик како овој простор би се урбанизирал.
Костоски го изнесе својот став и околу состојбата со загадената вода во овој комплекс. Тој рече дека решавањето на тој проблем мора да биде приоритет за оној кој ќе го добие корисничкото право на овој дел.
Костоски најави дека во наредниот период ќе се одржуваат пресови за значајни теми што се случуваат и на локално и на државно ниво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град