Нема доволно канти за губре во градов. Овој недостаток го забележаа граѓаните кои живеат на потегот од болницата па се до ул „Гоце Делчев“, или позната како населба Бараки. Тие велат дека сметот мора да го носат со себе во рака или во ташна и веруваат дека надлежните ќе имаат слух за решавање на овој проблем. Граѓаните додаваат дека има и многу несовесни граѓани кои во вакви состојби кога нема каде, сметот го фрлаат на улица.
Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче признава дека сеуште има места во градов каде граѓаните со право реагираат. Тој додаде дека во тој дел доцнат заради давање приоритет на централното градско подрачје, но вети дека и останатите делови во градов до туристичката сезона ќе бидат обезбедени со корпи кои ЈП веќе ги има обезбедено.
И мештаните на руралните средини во охридскиот регион побараа садови за одлагање на смет на јавните површини. Директорот на јавното претпријатие потенцира дека јавната чистота се одржува на места каде што има одредена уреденост поточно на тротоари или улици каде што постојат услови. Алче рече дека досега немло такви услови во руралните средини, но се прават напори некои места веќе да имаат свој третман од страна на Јавното претпријатие.
Согласно законот за јавна чистота, задолжително на секои 500 метра мора да има корпи за отпадоци.
Постојат уште малку места во градов за средување во делот на јавната чистота велат од охридското комунално претпријатие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град