Старо-нова рекламна кампања за спас на македонскиот туризам

Агенцијата за промоција и развој на туризмот со старо-нова промотивна кампања.

 |  Крсте Голабовски  | 
kaneo
канео

platnoБилборди со убавините на земјава ќе красат неколку главни градови од соседниве земји и за прв пат, Москва. Директорот на Агенцијата, Стрезоски убеден во ефикасноста на овој вид на промоција. Резултатите ќе ги почувствуваме но, за 2-3 години.

Осоколени од успехот на минатогодишната слична ваква кампања, од Агеницијата за промоција и развој на туризмот и оваа година со поставување билборди во неколку главни градови од соседниве земји ќе ја промовираат Македонија. За Директорот на Агенцијата Зоран Стрезоски минатогодишниото зголемување на бројот на странските туристи од 1% е доволен показател за успешноста на минатогодишната билборд камапња. Слоганот на кампањата е „Македонија: патување низ времето“, а причина за изборот на овој вид на промоција се финансиите.

bilbordМотивите кои се користат во билбордите произлегуваат од убавините на земјава. На нив се езерата, манастирскиот комплекс Св.Наум, Кокино и слично. Димензиите на билбордите се различни и зависат од локацијата и градот каде ќе бидат изложени.Таргетирани градови за промоција се Белград, Тирана, Софија, Љубљана и Приштина и Москва за прв пат. Стрезоски информира дека кампањата е направена по теркот на промоциите на големите туристички дестинации, но инстант резултати од неа нема да има.

Исто така кон крајот на јуни ова лето почнуваат и првите чартер летови од Москва кон Македонија, потенцира Стрезоски. Тој додава дека е задоволен реализацијата на пилот проектот за враѓање на холандските туристи и се надева дека ќе се повтори успехот и со руските туристи. Што се однесува до промоцијата на туризмот во рамките на државава, Стрезоски изјави дека моментално од Агенцијата се сконцентрирани на привлекувањето на странските туристи и апелира за поголемо ангажирање на локалните самоуправи при промоцијата на туризмот на локлано ниво.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top