СВР Охрид-Мерки за безбедност преземени за време на викендот

СВР Охрид  во соработка со соодветни инспекциски служби, викендов презеде мерки за мерење на бучавоста во Охрид и околните населби.

 |   | 
policija
полиција

СВР Охрид  во соработка со соодветни инспекциски служби, викендов презеде мерки за мерење на бучавоста во Охрид и околните населби.
Мерките беа преземени на повеке точки во Охрид, Пештани и Лескоец, во содејство со Инспектор за животна средина од Локалната самоуправа и претставник на консултантска куќа за животна средина од Скопје.
Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид изврши контроли во повеќе угостителски објекти во Охрид и Струга, а со цел констатирање на прекршоци во однос на присуство на малолетни лица после 24 часот и точење алкохол на малолетни лица. Во еден објект евидентирано е присуство на две малолетни лица, додека во неколку објекти, регистрирани се прекршоци односно непочитување на одредбите на Законот за јавна чистота.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, викендов во соработка со општинскиот инспектор за патен сообраќај презеде акција за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Од преземените мерки, кај три возила наменети за јавен превоз на патници, констатирани се  прекршоци, поради што, од страна на општинскиот инспектор се исклучени од сообраќај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top