Градоначалникот Петрески уверува дека дезинсекција ќе има.
Од Центарот за јавно здравје повторно ги нудат услугите за извршување на дезинсекцијата. Сепак, на тендерот ќе победи оној со најповолна понуда, ветува Петрески.
Оваа година дезинсекција ќе има, ветува Охридскиот градоначалник. Ќе има дерман за охриѓани и гостите ова лето од комарците. Директорот на Регионалниот центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека и оваа година е иницирано до Локалната, со цел да се преземат потребните превентивни мерки на дезинсекција, дератизација и дезинфекција.
Михаилов потенцира дека ова е единствен начин да се одбраниме од комарците во градов и додава дека минатогодишното авионско прскање воопшто не било продуктивно. Градоначалникот Петрески, согласен дека минатогодишното авионско прскање имало послаб ефект, па поради тоа годинава дезинсекцијата ќе се прави со специјални топови, додава тој. А ќе ја спроведе оној кој ќе победи на распишаниот тендер.
Од регионалниот центар велат дека станува збор за комплициран третман. Обично за потребите на успешно вршење на дезинсекцијата потребни се тројца дезинсектори асанатори и еден епидемиолог, додаваат отаму. Како и да е најзаинтересирани за овој третман се граѓаните. Сепак станува збор за нивното здравје.
Освен проблемот со комарците, Директорот на центарот за јавно здравје алармира и за проблемите со глувците. Граѓаните јавуваат и за наезда од глувци. Михаилов вели дека во половина од 6300-те шахти од градов е приметен зголемен број глувци. Тој додава дека во догледно време мора да се изврши и дератизација доколку се сака да се избегне поголема катастрофа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град