Охрид прогласен за најгостопримлив град во Југоисточна Европа за 2009 година во конкуренција на голем број туристички дестинации од ово регион. Наградата „Златна чаша на гостопримството“ на Локалната самоуправа и беше врачена на манифестацијата „Туристички оскар – Златно туристичко срце на Југоисточна Европа“, која се одржа во Белград.
Градоначалникот и дел од тимот кој работи на туристичката промоција на Охрид, денеска пред новинарите ја претставија престижната награда која неодамна му беше доделена на нашиот град. Станува збор за таканаречениот Туристички оскар за Југоисточна Европа – „Златно туристичко срце“ или „Чаша на гостопримството“.
Наградата најгостопримлив град во Југоисточна Европа за 2009 година, Охрид ја доби поради љубезниот однос кон гостите во 2009 год и тоа во конкуренција на голем број туристички дестинации од Југостична Европа, меѓу кои се градови од Турција, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Тунис, Грција. Успехот е дотолку поголем бидејќи наградата ја доделува меѓународно жири.
„Наградата ја добивме благодарение на високите оценки кои здружението САЦЕН ги дало за Охрид. Ова интернационално здружение преку целата година прави туристички контроли, без домаќините да знаат дека биле тука“, вели градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески.
„Сите треба заедно да работиме и да го составиме мозаикот за Охрид“, вели градоначалникот. Тој додава дека сега засега има одлична комуникација и соработка помеѓу угостителскиот еснаф и Секторот за туризам при Локалната самоуправа. Од таквиот начин на работа и резултатите се видливи.
Инаку, на денешната пресс конференција градоначалникот даде и своја оценка за посетеноста на Охрид за време на првомајските празници. „Ако првомајските празници се предзнак за тоа каква ќе биде главната туристичка сезона, тогаш треба да бидеме спокојни. Без разлика на светската економска криза, може да очекуваме сезоната да биде успешна“ предвидува градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град