1-ви Мај, не е она што беше

Први мај е државен празник во повеќе земји во светот. До 2006 година во Македонија тој се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од минатата година денот на трудот се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа.

 |  Билјана Николовка  | 
skara
скара

sindikalniПрви мај е државен празник во повеќе земји во светот. До 2006 година во Македонија тој се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од минатата година денот на трудот се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа.

Од година во година спласнува еуфоријата меѓу народот за одбележување на Први мај, Ден на трудот. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за значењето на овој ден. Некои од нив кои ги затекнавме на познатите охридски собиралишта како што е  Синдикални велат дека излегле само на прошетка, а не и на вообичаената скара, музика, веселба. Тие кажаа дека во денешно време за многумина овој празник е работен ден.
Оваа година се помалубројни беа оние кои се одлучиле празникот на трудот да го одбележат на некое од познатите излетнички места. Само чадот на понекоја скара и тезгите на кои се продава се и сешто потсетуваа дека денес е празник.

Инаку, денот на трудот е меѓународен празник кој се одбележува на први мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на штрајкот на околу 40.000 работници била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден. Полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба.

Оттогаш празникот е манифестација на класната солидарност на работничката класа во светот. Следбеници на иницијативата се работничките синдикати. Во Македонија синдикалните почетоци датираат од 1908 година кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. Сојузот на синдикати на Македонија денеска организира мирен протестен марш за да потсети на проблемите со невработеноста, загрозените работнички права, ниските плати и недостапните и неадекватни здравствени услуги.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top