Учениците од меѓународниот колеџ „Јахја Кемал“ од Струга добро се покажаа на натпреварите од образовен карактер во Америка, Азејберџан и во нашата земја. Имено, месец април тие ќе го памтат по освоени врвни награди и високи признанија. Венера Глигороска ученичка во четврта година се закити со сребрен медал на натпревар по биологија во Хјустон Тексас кој се одржа од 14 до 19 април годинава. Глигороска вели „голем предизвик е да се посети Америка како турист, додека пак, привилегија е да се посети како учесник на светски натпревар. Тие скоро година дена се подготвувале за ова натпреварување по унифицирана програма за сите 74 земји учеснички.
За Охридското Езеро и битолската река Драгор се слушна и во Азејберџан. Тоа го презентира Бушески Стефан пред 34 земји од. Бушески вели дека во неговиот проект акцентот бил ставен на тоа како да се зголеми и зачува живиот свет во хидросверата.
И математичарите од ова училиште имаа со што да се пофалат. Тие се докажаа во нашата држава. Наградите кои ги добија им се мотив плус да продолжат понатаму.
Позади успесите на учениците стои стручен тим кој интензивно ги подготвувал за овие натпревари. Проф. Мухамед Али Чам вели дека бил сигурен во своите ученици и нивните способности, а наградите само го потврдиле тоа.
Наградените македонски ученици велат дека достојно ја претставиле нашата земја во светот и тоа не само преку натпреварот туку и преку посебните штандови на кои имало материјали за презентација на Македонија, посебно за Охрид и Струга. Она што посебно им останало во сеќавање се новите пријателства и искуства. Тие за време на престојот во Америка ја посетиле и опсерваторијата на НАСА, Далас, Сан Антонио и Остин како и многу ботанички градини и музеи на природни науки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град