Преставниците на Заедницата на локаланите заедници и Усаид бараат начин со локалните самоуправи како да се подобри комуникацијата со јавноста.
Се одржа тркалезна маса на која дебатираа градоначалникот, преставници од општинската администарција и од советот, новинарите, невладиниот сектор. Секој од присутните ја кажа својата мака, во насока на подобрување на протокот на информации важни за граѓаните. Заедничка констатација беше дека охридската локална самоуправа е отворена па дури и прелиберална кон новинарите. На ова тврдење градоначалникот Петрески додаде дека во таква ситуација настануваат и несакани пропусти.
Петрески се обиде да ги оправда раководителите на некои сектори дека понекогаш во желбата да им излезат во пресрет на новинарите пласираат недоволно проверени информации. Даде предлог кој во иднина би се применувал за да се дoбие точна информација.
И од невладиниот сектор ги кажаа своите забелешки како да се дојде до подобар проток на информациите. Борис Стојаноски од ЕД „Грашница“ забележа што на тркалезната маса не се поканети да присуствуваат и сопствениците на медиумите. Раководителот на одделението за урбанизам и просторно планирање,Тихомир Дурнев укажа на новинарскиот притисок кога бараат од нив информации.
На денешната тркалезна маса од изнесените забелешки и предлози за подобро информирање се донесоа заклучоци. Тие ќе се применуваат во подобрување на протокот на информации. За таа цел локаланата самоуправа подготвува документи наменети за вработените во општинската администрација и за новинарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град