Ова прашање отвори жестока дебата на денешната седница на советот на Општина Охрид. Секако, градоначалникот Петрески имаше свои аргументи како да се оправда пред советниците, но на тоa не му поверува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Ова прашање отвори жестока дебата на денешната седница на Советот на општина Охрид. Секако, градоначалникот Петрески имаше свои аргументи како да се оправда пред советниците, но на тоa не му поверува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Голема прашина се крена на самиот почеток на 17-тата седница на Советот на општина Охрид. Толерантните академски 15 минути доцнење беа пролонгирани за околу еден час. Претседателот на Советот, Душко Јаковчески даде кратко објаснување дека седницата доцни од технички причини. Но ако по утрото се познава денот, тоа се докажа и на оваа седница. Од предвидените 71 точка на дневен ред, хендикеп се случи уште на првата точка. Забелешките на советничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска, дека во првото тромесечје има ниско ниво на капитални инвестиции, ја вжешти атмосферата во општинската сала и ги пробуди политичките страсти.
Како најповикан на забелешките на Дамовска се најде градоначалникот Александар Петрески, кој рече дека нема место за критика. Тој потенцира дека општината има одлично остварување на буџетот и покрај потешкотиите со кои се соочувале. Владата, повторно на тапет кај Петрески. Тој обвини дека поголемиот број тешкотии потекнуваат точно од таму, со изговор дека општина Охрид сеуште е единствениот субјект во светот на кој светските банки му одобруваат кредит, а тоа не го дозволува Министерството за финансии.
Советникот Дејан Паноски ја одбрани Дамоска, а нормално го нападна Петрески. Тој ги повика советниците да се стави крај со манипулациите на општинската говорница. Рече дека крајно време е да ја оставиме владината политика настрана и тоа да го препуштиме на парламентот, каде што и е местото.
На коментарите им нема крај, посебно кога се работи за политиката. Седницата му се одмили на советникот Томислав Тунтев уште од првата точка. Тој рече дека кога и фактите не се доволни за опозицијата да замолчи, нормално е да се користи и политиката.
Рез на жестоката политичка дебата помеѓу Тунтев и Паноски стави советникот Ахмет Патељ. Тој рече дека ваквите говори на советниците излегуваат од дневниот ред и недозволиво е час и половина да се дебатира за тоа. Ова го прифати и претседателот на Советот, Душко Јаковчески, кој на барање на советникот од ВМРО – НП Јоне Станкоски даде пауза поради напорниот тек на работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град