Комуналните претпријатија од Охрид ќе си добијат братче

Охрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие кое ќе се вика  „Нискоградба“.

 |  Крсте Голабовски  | 
shahta
Шахта

ShahtiОхрид наскоро треба да го добие своето четврто јавно претпријатие.

На утрешната седница на Советот на општината,  членовите на советот треба да расправаат и одлучат по предлог одлуката за основање ова претпријатие кое едноставно ќе биде насловено како „Нискоградба“.

Уште едно јавно претпријатие наскоро ќе почне да функционира во Охрид. Покрај, „Комуналец, „Проаква“ и „Биљанини извори“, нивно најново братче треба да биде ЈКП „Нискоградба“. На утрешната 17-та седница, членовите на советот од општината треба да расправаат и одлучат за предлог одлуката за основање на ова претпријатие. Портпаролот на општината, Никола Манески потенцира дека целта за формирањето на ова претпријатие ќе биде квалитетно и навремено извршување на зафати од комуналната сфера. Претпријатието ќе се занимава со изведување на зафати од типот на санирање на канализационата мрежа, тампонирање на ударни дупки на локалните патишта и слично.
Манески додаде дека се до неговата регистрација, и конституирање на неговите органи, односно, УО, НО и директор, со ова претпријатие ќе раководи еден од советниците. Негов основач е Советот на општината, а неговата големина Манески ја коментира како претпријатие кое ќе биде „Поголемо од ЈКП „Биљанини извори“, а помало од ЈКП „Охридски Комуналец“. Манески додаде дека основачкиот влог на општината изнесува 320.000 денари или 5200 евра. Покрај овие средства на основачот, претпријатието ќе се финансира уште и од давањето на услуги.
На хартија се изгледа идеално, но останува дилемата како навистина сето ова ќе биде реализирано во пракса. Дали и на ова јавно претпријатие ќе му се случи истото што и на „Билјанини извори“ на кое му беа ветени дел од паркинзите од каде требаше да ги обезбедува сопствените финансиски средства, но сеуште работите се на мртва точка.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top