Уништување на езерската трска која е природно мрестилиште на Охридскиот крап.Стебла стари неколку децении сосечени до земја.
Се тоа во интерес на урбанизацијата на просторот.Што следно ќе биде жртва на урбанизацијата? Продолжува систематското уништување на флората и фауната од Охридското крајбрежје. Комуналната инвазија која прети да уништи се она што некогаш беше заштитен знак на градов, сега е насочена кон делот од крајбрежјето до хотелот Парк. На овој потег, исечени се до земја неколку повеќегодишни стебла. Станува збор за стебла стари и по неколку децении. Неколку стотина метри во правец на хотелот пак, интензивно се работи на средување на крајбрежјето околу уште еден новоизграден угостителски објект. Очигледно е уништувањето и на езерската трска во овој дел од крајбрежјето.
Од Локалната пак со објаснување. Претседателот на комисијата за сечење дрва, Раде Вељаноски, за ТВМ изјави дека постои уредно решение за направената сеча. Вељаноски објасна дека причина поради која е направена сечата е комунално уредување на просторот околу патеката, поради потребата од нејзино проширување.Од еколошките друштва од градов сеуште молк!
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град