Колку потрошувачите ги знаат своите права загарантирани со закон? Колку се информирани за нив? Знаат ли каде да се обратат доколку нивните потрошувачки права се загрозени?
Колку потрошувачите ги знаат своите права загарантирани со закон? Колку се информирани за нив? Знаат ли каде да се обратат доколку нивните потрошувачки права се загрозени?
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија интензивно работат на поширока измена на законот, додека од Државниот пазарен инспекторат, се трудат тој да биде подобро имплементиран.Македонските граѓани многу малку се запознаени со своите права како потрошувачи. Најголемиот дел од нив знаат дека може да се обратат само до оние од кои ја купуле робата. Малкумина од нив знаат и дека воопшто постои закон со кој тие права им се загарантирани.
Раководителот на одделението за инспекциски надзор за Струга и Дебар, Надица Николска ја потенцира улогата на пазарниот инспекторат како контролор на спроведувањето на Законот за заштита на потрошувачите. За тоа колку граѓаните се запознаени со своите права, таа со свое , малку поинакво видување.
Претседателот на ОПМ, Маријана Лончар – Велкова, информира дека Законот за заштита на потрошувачите треба да претрпи пошироки измени. Велкова потенцира дека освен измената на законот по однос директивите за нечесно пазарно однесување, измени мора да има и во доменот на рекламирањето. Измените мора да се однесуваат на примената на законот и проблемите со кои се среќаваат инспекциските органи, како и на проблемите со кои се среќаваат потрошувачите, изјави Велкова.
Со Законот за заштита на потрошувачите се уредува заштитата на правата на потрошувачите, условите и начинот на заштитата на потрошувачите, условите за трговско работење што се од значење за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на здруженијата на потрошувачите, како и надлежностите на органите на државната управа во однос на заштитата на потрошувачите. Пазарниот инспекторат пак го надгледува спроведување на овој закон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град