Со свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник.
Пред присутните гости од Словенија и Србија, родители, вработени и ученици обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева. Таа се осврна на развојот, успехот и проектите кои ги реализира училиштето во изминатата година. Поминаа многу генерации ученици и професори кои оставија свој белег во неговата историја. Приоритет на училиштето е да се понуди што поквалитетно образование како сервис на учениците и партнер на родителите истакнаа Јанева, а при тоа искажа и благодарност кон локалната самоуправа.
На училишната свеченост беа обајевни 22 –та првенци на генерацијата, од кои како најдобри беа истакнати Ангел Латкоски, Маријана Котеска и Симона Трајческа.
На учениците учесници на ликовно-литературниот конкурс на тема „Силата на македонскиот збор“ им беа доделени награди.
Свеченоста беше збогатена со настап на училишниот хор и поетско -музички рецитал. Македонскиот преставник на Евровизија, Ѓоко Танески, исполнувајќи ја песната „Јас ја имам силата“, ја збогати училишната свеченост.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град