Младите се почесто заболуваат од колоректален карцином

Ракот на дебело црево се  почесто ги напаѓа младите лица. Статистичките показатели  во општина Охрид покажуваат дека помладите лица во 2009 година биле на удар од ова заболување.

 |  Валентина Неловска  | 
debelo crevo
дебело црево

d-r RazmoskiРакот на дебело црево се  почесто ги напаѓа младите лица. Статистичките показатели  во општина Охрид покажуваат дека помладите лица во 2009 година биле на удар од ова заболување. Д-р Слободнака Коцевска, специјалист по социјална медицина укажува дека има поместување на возрасната граница со споредените податоци од 2005 и 2009 година.
Пред 4 години од ова заболување на удар биле жените над 65 години, а лани има загрижувачко поместување на старосната граница. 17,1 посто од канцерогените заболувања отпаѓаат на колоректален карцином кај лицата на возрат од 35 до 44 години укажува д- р Коцевска.    
Генетските предизпозиции, но и се поголемиот внес на црвено месо, животински масти, пушењето, алкохолот, опстипацијата, малиот внес на  растителни влакна се  најчести причини за  појава на ракот на дебелото црево нагласува д-р Ацо Размоски, специјалист интернист. Оваа асимптоматска болест успешно се лекува при рано откривање. Светската здрвствена организација во таа конотација  препорачува правење Скрининг  на колоректален карцином. Оваа програма е многу добра затоа што се откриваат асимптоматските болести на карциномот или се откриваат адоментозните полипи на дебелото црево, па со раното откривање и лекувањето е полесно и поцелесно, потенцира д-р Размоски.
Од идниот месец се очекува и во нашата  земја да стартува оваа програма. Министерството за здравство  во соработка со Центрите за јавно здравство ќе ја спроведуваат скрининг програмата за колоректален карцином најавува М-р на науки д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Здравствените работници од Центрите за јавно здравство  ќе одржуваат едукативни предавања во соработка со матичните  лекари, а ќе бидат дистрибуирани постери и  брошури за начинот на користење за тестовите за спроведување на колоректалниот скрининг.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top