Патеката после мостот, позната како пешачко-велосипедска, сеуште во ценатрот на вниманието на Охриѓани. По иницијативите кои ги превзедоа СВР и локалнта самоуправа со која се спречи движење на моторни возила по истата, викендов и велосипедистите трн в око на СВР. Наш гледач се жали дека сообраќаен полицаец ги отстранувал велосипдистите кои возеа по таа патека.
Од кога единствената велосипедска патека во Охрид од мостот кај Билјанини извори до Горица е забранета за велосипедисти? Денеска бев сведок како сообраќаен полицаец ги отстранува велосипдистите кои возеа по таа патека, стои во дел од дописот кој наш сограѓанин го испрати во редакцијата на ТВМ. Во продолжение на е-маилот нашиот гледач бара да откриеме зошто соопраќајната полиција изминатиов викенд вршела вакви контроли на овој потег.
Во интерес на вистината, се обративме во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски вели дека изминатиов викенд на целото подрачје на Општина Охрид се спровеле акциски контроли кои ги опфаќале велосипедистите и моторциклистите.
Во рамките на оваа контрола беше опфатена и пешачката патека. Причина плус за акцијата беше и сообраќајната незгода случена неодама на истата, во која учествуваа велосипедист и мотоцикл, со што беше загрозена безбедноста на пешаците, вели портпалот на СВР, Стефан Димовски. Тој додава дека сообраќајната полиција со цел да ја зголеми безбедноста на пешаците превзела превентивни мерки за велосипедистите и моторциклистите.
Димовски додава дека СВР има изготвено дополнително барање кое го испратиле до локалната самоуправа и со кое бараат дополнително поставување на сообраќајни знаци со кои прецизно ќе се регулира каков вид сообраќај треба да се одвива на пашачката патека.
Инаку како што ТВ М во неколку наврати објави дека Патеката од Мостот до хотелот Парк кај охриѓани позната како пешачка патека според деталниот урбанистички план на Охрид е сообраќајница, со две коловозни ленти и зелен појас во средишниот дел. Во неможност во моментов да се реализира планот патаката ќе функционира како пешачка. Оваа одлука години наназад како таква била изгласувана и подржувана од советниците со носењето на летниот режим на сообраќај. Но годинава на иницијатива на СВР многу побрзо ќе се спречи движење на моторни возила по истата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град