Уништена црквата „Св. Архангел Михаил“ во Долна Белица

Уништена црквата Св. Архангел Михаил во Долна белица. Злонамерниците со тврд предмет ги целосно го демолирале дрвениот иконостас, а со тврд предмет ги оштететиле  и сите ѕидови на црквата. Дивеењето отишло дотаму што биле извадени и лимовите од кровот, а металниот крст бил изваден и фрлен на земја.

 |  Татјана Маленкова  | 
црква
crkva

crkva vandalizamУништена црквата Св. Архангел Михаил во Долна Белица. Злонамерниците со тврд предмет  целосно го демолирале дрвениот иконостас, а со тврд предмет ги оштететиле  и сите ѕидови на црквата. Дивеењето отишло дотаму што биле извадени и лимовите од кровот, а металниот крст бил изваден и фрлен на земја.

Уништена црквата св. Архангел Михаил која се наоѓа на тромежјето помеѓу Долна Белица, Враништа и Заграчани.
Од СВР Охрид информираат дека непознат сторител со тврд предмет насилно рушил мал дел од бетонскиот ѕид на црквата, по што влегле во помошната просторија на црквата каде целосно го уништиле инвентарот. Од таму уништувајки ја металната врата влегле и во црквата каде целосно го демолирале дрвениот иконостас. Со тврд предмет биле оштетени сите ѕидови на црквата, а потоа се качиле и на кровот на врскиот објект при што  целосно ја демолирале лимената кровна конструкција и ги извадиле лимовите, а  Металниот крст го извадиле и фрлиле на земја.
ikona„Матријалната штета е многу голема. Се работи за целосно дивеење во црковен објект“, вели портпаролот на СВР, Стефан Димовски.Тој додава дека екипа на СВР Охрид по пријавувањето на настанот веднаш направила увид на лице место. Димовски додава дека се превземени сите мерки за пронаоѓање на сторителот.   

crkva

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top