Кога се сака се се може. Од 20 до 25 овој месец во Охрид за прв пат се оддржува меѓународна ликовна колонија на телесно инвалидизираните лица. Македонскиот сојуз, настапува заеднот со претставниците на телесно инвалидизираните лица од Србија. Овие два сојузи веќе осум години се збратимени. Претседателот на Националниот Сојуз на телесно инвалидизираните лица на Македонија, Миодраг Игњатовиќ, вели дека од соседите од Србија години наназат црпеле искуства и стекнале големи знаења што веќе започнале да ги применуваат и кај нас.
Претседателката на Северно Банатскиот реон, Славица Зориќ, вели дека овие денови во Охрид се неповторлива инспирација како за уметниците така и за телесноинвалидизираните лица кои имаат талент за сликање.
Роза Мојсоска која ја нема функцијата на долните и горните екстремитети прави уметнички дела со уста. Таа е член на светското здружение на телесно инвалидизирани лица кои сликаат со уста и нозе од Лихтенштајн, Швајцарија.
Статутот на уметникот во повеќе земји во светот е тешко и длабоко прашање, смета Денис Данев уметник кој учествува на првата меѓународна ликовна колонија на телесно инвалидизирани лица. Тој додава дека не се сосема препуштени сами на себе, но егзистенцијата останува на нив. „Ние одлучуваме дали креативноста ќе ја потисниме во нас или ќе ја пренесеме на платно“, вели Данев.
Организаторите на првата меѓународна ликовна колонија на телесно инвалидизираните лица на Македонија најавија дека ваквите колонии ќе преминат во традиција и очекуваат вклучување и на други соседни земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град