Природата го возвраќа ударот

Денот на планетата Земја годинава доаѓа среде серија природни катастрофи во светот, но и во нашата земја. Климатските промени и спасот на планетата Земја се единствените теми што треба да ги обединат сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност. Македонија по основ на  прашањето на Екологијата е добро усогласена со ЕУ, меѓутоа по прашањето на инплементација и на почитување на истата сеуште има проблеми, вели Дејан Пановски.

 |  Татјана Маленкова  | 
earth
земја

den planeta zemjaСветскиот ден на планетата Земја доаѓа по серија големи природни катастрофи, од кои не беше поштедена ниту нашата држава.
Ќе се запаметат поплавите во Охрид, излевањето на Вардар кај Тетово, свлечиштата низ земјава. Големите земјотреси во Чиле и Хаити и вулканскиот облак по исландската ерупција во светот се само предупредувања дека природата – го возвраќа ударот, велат екологистите.
За Македонија опасноста е уште поголема, со оглед на тоа што спаѓа во ризичната група земји, кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени. Според експертите, на оваа црна ранг-листа се наоѓаме на високото трето место, веднаш зад регионот на Сахара и островските земји. Освен поплави и земјотреси, во следните 7-10 години на Македонија и се закануваат и големи суши и глад, сметаат тие.

На планетата земја се атакува од сите страни. Во моментов има премнугу еколошки проблеми за кои фактор не е никој друг, туку човекот, вели екологистот Лазе Наумоски.

Тој додава дека луѓето посебно внимание треба да посветат на шумите, затоа што тие имаат огромно влијание врз климата.
„Во Р македонија на годишно ниво се уништуваат отприлика милион и петстотини илјади метри кубни шумско дрво за огрев и технички потреби. Тоа е годишно околу осум илјади и педесет и пет хектари шумски појас се уништува, а тоа е на 358 илјади луѓе им се скратува правото да користат кислород“, вели Наумоски.

ekologija

„Македонија по прашањето на Еколошката (законската легислатива е добро усогласена со ЕУ, меѓутоа по прашањето на инплементација и на почитување на истата сеуште има проблеми“, вели секретарот на билатеријалниот секретаријат Дејан Паноски.

„Мора да се каже дака свеста и по многуте обиди не е на толку високо ниво, како што би требало да биде за една земја која претендира да бида еколошки остров, а и има такви можности се она што од политика во однос на животната средина сеуште е на високо ниво, мислам дека посебно она што се случува со цврстиот отпад е прашање не само на еколошки проблем туку на културолошки проблем. Значи ние не само што треба да ги смениме навиките, туку треба да се навикнеме да ја почитуваме легислативата. И она што е умногу поважно за еден ваков процес  за заштита на животна средина е фактот дека министреството за животна средина и просторно планирање мора да се неметне уште повеќе во рамките на политиките на владата за да може да наметне иницијатива дека екологијата не е само прашање на подигање на јавна свест, вели Паноски.

Инаку во Македонија постои декларација за борба против климатските промени. Таа беше донесена подржана од сите пртенички групим и  изгласана по самитот во Копенхаген. Сепак, екепертите велат дека доколку работите во држава не се сменат тоа се само само мртви букви на хартија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top