Опасни дупки на „Дејан Војвода“

Жителите на улицата „Дејан Војвода“ се жалат на проблеми со шахтите кои неколку месеци стојат незаштитени.

 |  Крсте Голабовски  | 
shahta
Шахта

shahtiЖителите на улицата „Дејан Војвода“ се жалат на проблеми со шахтите кои неколку месеци стојат незаштитени.

Велат дека проблем има и со атмосферската канализација на оваа улица. Од Одделението за комунален развој ветуваат скоро решение на комуналните проблеми на оваа улица.

Веќе неколку месеци неколку шахти им задаваат главоболка на жителите на улицата „Дејан Војвода“. Претседателот на месната заедница, „7-ми Ноември“, Митрески Димитрија, информира дека станува збор за проблем кој досега резултира само со оштетување на нивните возила. Доколку не се реагира подитно, може да дојде до посериозни последици, вели Митрески. Претседателот на оваа месна заедница додава дека проблемот со шахтите на кои им треба санирање не е единствениот. Се сомневаат и во правилното комунално решение на атмосферската канализација од оваа улица.

Од Одделението за комунален развој и сообраќај, смируваат и информираат дека се запознаени со комуналните проблеми кои ги мачат жителите на оваа улица. Раководителот на одделението Зоран Шикалески вети нивно итно решавање, веднаш штом ќе им дозволат временските прилики.

Претседателот на месната заедница, „7-ми Ноември“, Митрески Димитрија, потенцира дека за овие проблеми во неколку наврати реагирал до соодветните инстанци во Локалната, но дека отаму едниствено добивал регистрација и евидентирање на проблемите од оваа улица. Реакција на неговите жалби и укажувања досега немало.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top