Камерата на ТВМ, вчера попладне, забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид
Потеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа.
Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото.
Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната, но се претпоставува дека е од миење цистерни со нафтени деривати кои се користеле во грејната сезона.
„Флеката е на должина од околу 60 метри покрај брегот, а со ширина од три до четири метри кон внатрешноста на езерото“ изјави Мемет и најави кривична пријава против непознат сторител.
Надлежните институции работат на утврдување на потеклото на загадувачот и за начинот на кој дошло до излевање во водата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град