Приведени 37 лица, осомничени за примање мито и злоупотреба на должност, поради посредување при давање на инвалидски пензии. Дел од синџирот бил и реномиран доктор психијатар од општата болница од Струга.
Метастаза – Нова акција на МВР. Над 30 доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се уапсени денес под сомнение дека ја злоупотребувале својата функција и дека примале мито при издавање на инвалидски пензии. Осомничените се товарат дека помагале при издавање на инвалидски пензии, за соодветен паричен надомест кој се движел од 2 до 5 илјади евра.
Приведените МВР ги уапси под сомнение дека ја злоупотребиле службената должност и примање мито при издавањето на инвалидски пензии. Дел од нив се на распит пред истражен судија, а во тек се и претресите на нивните домови. МВР најави дека по завршувањето на акцијата ќе излезе со повеќе детали.
Проблемите со издавањето на инвалидски пензии се јавна тајна со децении, а во метастазираниот криминал беа влезени лекари, членови на комисии, посредници и мешетари. Криминалната група била составена од звучни имиња на познати доктори кардиолози, како и вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се членови на првостепена и второстепена комисија но сеуште имиња не се обелоденуваат. Дел од криминалната група бил и реномиран доктор психијтар од Струга, вработен во општата болница. Очевидците кои денеска претпладнево се затекнале во болницата потресени од чинот на приведувањето на докторот кој од своето работно место го изнеле специјлци од МВР.
Инаку „метастаза“ е акција која за прв пат вака масовно се спроведува во државава. Полицијата вели дека дел од групата била следена веќе една година и таа постепено се проширувала.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град