Никој не дава пари за патни трошоци, вработените во образованието извисија

Четврти месец по ред како вработените во образованието останаа без пари за патни трошоци. Ние законски не можеме да издвојуваме средства за плати и надометоци, поради тоа што општина Охрид сеуште е во прва фаза на децентрализација, вели раководителот на одделението за образование Митре Вељаноски. Од министревото пак децидни „парите за вработените преку блок дотации се префрлени во локаланата самоуправа“.

 |  Татјана Маленкова  | 
Veljanoski
Велјаноски

ucitelkaНедоразбирањата помеѓу Mинистерството за образование и локалната самоуправа причина што на вработените во образованието не им се подмирени патните трошоци. „До декември 2009 год. реалните трошоци за патување на вработените во образованието ги исплаќаше министертвото за образование.  Работите се променаа во јануари кога кај нас пристигна допис во кој пишуваше дека со почетокот на Новата година овие обврски треба да паднат на товар на локалната самоуправа“, вели раководителот на одделението за образование Митре Вељаноски.

„Ние не можеме во никој случај да го прифатеме тоа образложение од владата, затоа што општина Охрид не е во втора фаза на децентрализација, значи сеуште парите и сите додатоци за општина Охрид и вработените во образованието се обврска на министрството за образование. Ние законски не можеме да издвоиме средства за плати и надоместоци од плати, од причина што ние сме во прва фаза, а не во втора на деценстрализација“, истакна Митре Вељаноски, раководителот на одделението за образование.

opshtina

Општините кои се во прва фаза на деценстрализација имаат обврски за оснивачките права на образовните институции, за тековното одржување на објектите во образованието и превозот на учениците. Додека платите и надоместоци од плати паѓаат на товар на оштините кои  се влезени во втора фаза на децентрализација. Поради ова на дописот на министрвото региравме веднаш, на што ни испратија уште едне допис со образложение дека во наменската дотација има средства за таа намена, вели Вељаноски.

„ Лани за основно образование дотации беа 24 милиони денари, а годинава тие се 20 милиони. Дотацијата е намалена за 4 милиони денари“, вели Вељаноски.

Поради проблемите и неисплатените патни трошоци состанок одржале, локалната самоуправа и СОНК, бидејки станува збор за проблем од синдикален карактер, вели Вељаноски. На состанокот вработените биле известени дека локалната и да сака и да има средства законски не смее истите да ги пренамени за подмирување на патните трошоци.
Во интерес на вистината ТВМ побара информација и од министретвото за образование. Портапаролот вели дека преку блок дотации, локалната самоуправа во Охрид, добила пари за подмирување на обврските за вработените во образованието. Тој не сакаше да даде поконкретно образложение дали Охрид смее или не, да исплаќа плати и други  надоместоци кон вработените, од блок дотациите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top