Пред стартот на туристичката сезона се одржа нова трибина на која се изнесоа добро познати, стари проблеми, поради кои туризмот во Охрид со години наназад тапка во место.
Пред стартот на туристичката сезона се одржа нова трибина на која се изнесоа добро познати, стари проблеми, поради кои туризмот во Охрид со години наназад тапка во место. Присутните ја кажаа секој својата мака. Проблемите кои го кочат развојот на туризмот се изнесуваат теоретски, а никој не кажува како практично да се решат, недостасува меѓусебна комуникација истакна Горан Устијаноски, капетан и туристички водич. Посочи дека градот нема јавни тоалети, патоказни табли, Музејот на вода е без пристаниште, нема бродска линија Охрид-Струга, Струга- Охрид и Струга-Св. Наум. На тој начин се испуштаат големи пари од туристите. Недостасува рекламен материјал за промоција на градот и паѓаме на најбанални нешта, укажа Устијаноски.
И останатите учесници на трибината укажаа на низа проблеми како што се чекачите на туристи, немањето Национална Стратегија за развој на туризмот, неискористениот туристички потенцијал на НП „Галичица“, или игнорирањето на развојот на планинскиот туризам и спортот. Преставникот на АТАМ, Олег Маленко ја потенцира лошата патна инфраструктура, немање национална авиокомпанија, немање туристички сојузи во странство и недостаток на препознатлив автентичен сувенир. Тој упати прашање до Локалната самоуправа, Министерството за економија и Факултетот за туризам зошто досега не се преземени мерки за решавање на проблемите во туризмот. Истакна дека сите туристички субјекти се препуштени сами на себе, да се борат за својот опстанок.
Впечаток од трибината е судирот на приодите на проблемите од теоретска и практична гледна точка.
Додека туристичките субјекти ги кажуваа маките што ги мачат, преставниците од Факултетот за туризам и одделенито за Локален економски развој на присутните им презентираа истражувачки анкети, што сакаат туристите, а што рецепиентите.
Преставникот на ЛЕР,Гоце Симоноски не одговори зошто нема доволно рекламен материјал и каде завршуваат парите од туристичката такса. Не одговори и до кога ЛЕР ќе бара од буџетот на општината баснословни суми за нереални проекти од кои малку луѓе видоа аир, или зошто досега не е изграден јавен тоалет.
Директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, Зоран Стрезоски, пак, не присуствуваше на трибината од оправдани причини, такво образложение на присутните им даде преставникот на Агенцијата кој беше испратен на негово место. Се наметнува прашањето дали повторно се работи за посета на некоја туристичка саемска манифестација од каде ќе се вратат повторно со многубројни фалби, но без конкретни резултати кои ќе донесат туристи во Охрид.
Организатор на трибината беше полтичката партија ВМРО – НП која, пак, изнесените проблеми во форма на заклучоци за развој на туризмот, ќе ги достави до Локалната самоуправа, Министерството за економија и Агенцијата за развој и поддршка на туризмот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град