АРМ мојот дом….но до кога?

Земник министерот за одбрана денес во посета на охридската касарна. Посетата е дел од реализацијата на проектот „АРМ мојот вистински дом“.

 |  Крсте Голабовски  | 
zamenik min. odbrana
заменик мин. одбрана

vojniciЗемник министерот за одбрана денес во посета на охридската касарна. Посетата е дел од реализацијата на проектот „АРМ мојот вистински дом“.

Заменик министерот дирекно разговараше со вработените  во АРМ за тоа колку се заинтересирани за реализацијата на овој проект.

Вработените во АРМ се заинтересирани за проектот „АРМ мојот вистински дом“. Со овој проект ќе се подобри статусот на припадниците на Армијата на Република Македонија преку изградба на станови за припадниците на АРМ. Становите ќе се градат во седум градови во Македонија. Нивната локација ќе биде во делот на касарните и на државно земјиште. Во првата фаза во соработка со локалните самоуправи се одредени локациите и е спроведена анкета со сите припадници на АРМ. Следи фазатана потпишување на изјави од страна на дирекно заесгнатите страни. Се прибираат информации за нивната имотна сосотјба, бројот на челновите на нивните семејства, што е важно за правилникот за рангирање на заинтересираните. Со овој проект на АРМ ќе се врши намалување на трошоците на Министерството за одбрана за плаќање станарина и превоз, а придобивка ќе имаат припадниците на АРМ и МО. Заменик Министерот Емил Димитриев оптимист за текот на реализацијата на проектот.

Димитриев информира дека според направените анализи, во рамките на овој проект ќе бидат изградени три вида станови: еднособни со површина од околу 35, двособни со околу 55 и трособни со околу 70 метри квадратни. Ова стои во двата правилници изработени од страна на МО и тоа правилникот за станбено обезбедување и правилникот за субвенционирање на каматите. Тој го објасна и начинот и должината на субвенционирањето.

„Заинтересираните припадници на АРМ, истакна министерот Коњановски, кои позитивно ќе се изјаснат на спроведената анкета, ќе треба да уплатат 30 проценти учество од утврдената цена по метар квадратен, а преостанатите средства би се обезбедиле преку кредит без камата од банка која ќе биде избрана на тендер. Преостанатите 70 проценти од утврдената цена по метар квадратен на станот, припадникот на АРМ би можел да ги исплаќа во наредните 10 години, но, исто така, оставена е и можност припадникот на АРМ доколку сака преостанатиот кредит да го исплати и порано. При исплаќањето на преостанатите 70 проценти од утврдената цена по метар квадратен на станот, припадникот на АРМ нема да плаќа камата на тие средства. Обврската за плаќање на каматата на тие 70 проценти ја субвенционира Министерството за одбрана на Република Македонија. Во периодот додека се исплаќаат ратите за станот, истиот ќе биде под хипотека во банката од којашто е земен кредитот“.

Заменик министерот кажа дека проектот е замислен во оваа форма за да може да биде економски одржлив, бидејќи на место на оние на кои им престанува договорот, доаѓаат нови кои влегуваат. Од министерството информираат дека изградбата на становите ќе започне кон крајот на октомври или почетокот на ноември, откако ќе биде донесен Законот за служба во АРМ и ќе се изготви правилник за распределба на становите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top