Деновиве во мрестилиштата на Хидробиолошки завод забележан е мал помор на рибите. Првиот човек на оваа установа Гоце Костоски, ја смирува состојбата и вели дека нема место за паника бидејќи проблемот е детектиран и веќе било реагирано.
Деновиве во мрестилиштата на Хидробиолошки завод забележан е мал помор на рибите. „Со цел да се одбегне ризикот оваа појава да се димензионира, 200.000 илјади риби лански подмладок е пуштен во езерските води“, вели директорот на заводот Гоце Костовски. Тој потенцира дека проблемот во краток временски период бил детектиран и веднаш биле преземени мерки за стабилизација на состојбата. Според директорот, една од можните причини за поморот на рибите, која треба дополнително да се утврди е присуството на јаглен диоксид во водата на дел од мрестилиштата. Костоски, не ја исклучува можноста дека причина за тоа се временските услови и обилните врнежи. Тој кажа дека во моментов се е во ред и веќе два милиони парчиња риби се во нивните мрестилишта.
За оваа појава запознат е и одговорниот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски. Тој вели дека иако во тој дел немале ингеренции, заеднички ќе го решавале овој проблем, кој сеуште не е затворен. Танасоски ја исклучува можноста дека станува збор за некаков вид на труење. Тој вели дека „стручњаците од Хидробиолошкиот завод сами вршат испитување на водата во мрестилиштата, но мора во најбрз можен рок да се утврди причината од каде доаѓа загадувањето, доколку го има“. Танасоски оптимист дека ќе се надмине ваквата состојба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град