Велосипедот како начин на живеење

Месец април дефинитивно ќе биде месец на велосипедот во Македонија. Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ на 28 април ќе гостува и во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
velofest
велофест

velosipedКреативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ на 28 април ќе гостува и во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на македонските граѓани ќе им биде претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.
Велосипедот не е само транспортно и рекреативно средство. Претставува и алатка на еден од професионалните спортови и инспирација за уметничка креација или авантура и забава. Овој фестивал е во организација е на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од Скопје. За неговото прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто развој може да предизвика најголем долготраен ефект во однос на велосипедизмот на национално ниво, а тоа е темата „Градски велосипедизам“.
Александар Јовановски од „Екодром“ клубот од Охрид, информира дека Охрид може да се пофали со традиција за градскиот велосипедизам и додава дека постојат податоци за постоење на велосипедски клуб и велосипедски трки во нашиов град уште одамна.
Јовановски потенцира дека самиот поим градски велосипедизам кај нас се поврзува со немаштијата, а на велосипедот само се гледа како на најефтино превозно средство, без да се сфати дека оваа форма на велосипедизам најмногу придонесува за подобрувањето на животот на луѓето. Станува збор за интегрирана алатка, сеопфатна активност која овозможува активна физичка вежба, ослободување од стресот, јакнење на имунитетот, ефективно движење.Тоа е вид на транспорт кој се грижи за животната средина и со кој се намалува градскиот сообраќаен метеж. А, љубовта кон велосипедот кај Јовановски се родила со неговиот прв велосипед, кој го добил како подарок од својот дедо на 4 годишна возраст. Јовановски вели дека најстариот велосипед во Македонија датира од 1918 година, а неофицијално е е пронајден токму во нашиов град. За таа цел, на 28 април сите вљубеници во велосипедот ќе можат да бидат дел од дефилето низ нашиов град. Овој ден неслучајно е одбран за гостување бидејќи е денот кога се слави роденденот на Холандската кралица, а Холандската амбасада се јавува како еден од најголемите подржувачи на фестивалот. Во рамките на фестивалот ќе бидат реализирани и неколку конкурси и инсталации и тоа:
– повик за избор на најстар велосипед
– конкурс за најубав велосипе
– конкурс за велосипедска фотографија
– конкурс за велосипедски филм
– инсталации на велосипедска уметност и дизајн
– музика за возење велосипед и презентација на
– историја на Македонскиот велосипедизам
Исто така ќе биде емитуван и краткометражниот филм на Коле Ангеловски, „Кога водата тивко шумоли.“
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top