Околу 50-тина индивидуални производители и регистрирани земјоделци од Охрид и околните села покажале интерес да искористат пари од Националната програма за финансиска поддршка на руралниот развој, истакнува Билјана Ѓорческа рак.на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството.
За жителите од охридските села не била привлечна можноста за развој на руралниот туризам. До Агенцијата не пристигнала нити една апликација, но затоа, пак, земјоделците пројавиле желба да ја обноват земјоделската механизација. Со помош на државата ќе купуваат трактори, прскалки, атомизери.
Ставките на кофинансирање од Национална програма за финансирање на руралниот развој е различна и зависи од возраста на фармерите и местоположбата на земјоделскиот реон. Ѓорческа потенцира дека
65 % од средствата државата ќе финансира доколку фармерот е на возраст до 40 години и ако земјиштето е во рурално подрачје.
Раководителот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, Ѓорческа истакнува дека годинава интересот на земјоделците за користење пари од три различни програми е многу поголем во однос на минатата година. Смета дека тоа се должи на поедноставената документација со која сега земјоделците аплицираат. Покрај Националната програма за финансирање на руралниот развој, земјоделците може да искористат средства и од Субвенционирање на земјоделството, но и од ИПАРД програмата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град