Орагнизацијата на работодавачи од Европската унија, одржа семинар во врска можностите за употреба на европската легислатива во македонските компании.
Орагнизацијата на работодавачи од Европската унија, одржа семинар во врска можностите за употреба на европската легислатива во македонските компании.
Овој пат предмет на расправа беше Законот за безбедност и здравје при работа.
На Македонија и се потребни применливи закони, соодветни на нашиот бизнис менталитет. Најголем проблем со кој се соочуваат наште компании е неинформираноста. Македонските компании на својот пат кон европските пазари, ќе треба да се соочат со 90.000 страници европска легислатива. Втор проблем е имплементацијата на оваа легислатива, истакнува Вице Рушен, претседателот на Business Europe. Законот за безбедност и здравје при работа тема е на семинарот кој деновите се одржува во Охрид во организација на Business Europe организацијата на работодавачи. Преку размената и споредбата на искуствата од Естонија и Данска ќе се направи обид да се примени европската безбеност и здравје при работа во нашата земја.
Рушен потенцира дека еден од проблемите во врска со безбедноста, кој македонските компании треба да го решат е односот со законодавецот, овој случај владата и синдикатите. Претседателот на Конфедерецијата на работодавачи од Македонија Миле Бошков, истакна дека на терен ситуацијата не е најсјана. Освен поголемите компании кои сериозно вложуваат во безбедноста и здравјето при работа, интересот кај помалите компании е многу мал. Бошков потенцира дека тоа мора да се промени доколку македонските компании целат кон освојување на европските пазари.
Во моменти на економска криза, на македонските компании им е неопходна помошта од законодавецот и синдикатите. Иако целиме кон тоа да бидеме дел од Европа и европската економија, сепак имплементацијата на законите од европските земји сама по себе не е доволна, вели Бошков. Станува збор за различен бизнис менталитет и не секогаш она што доаѓа од надвор е добро и применливо кај нас. Затоа мораме да ги кажуваме нашите идеи и нашите искуства со цел да можеме да креираме закони кои ќе се најсоодветни за нас.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град